| |

Северно-македонска демоКРАХИJA

Пишува: Ели Секуловска

Кохабитацијата или заедничкот соживот чинам дека не е веќе возможен. Европската Комисија е на потег да го олесни визниот режим , барем за потомците на луѓето кои страдале во бившиот југословенски комунистички режим и на кои и по падот на комунизмот никој не им помогна. Мислев дека ќе има некакво си помирување , но наместо тоа, и покрај страданието на нашите претци , нам ни се наметнуваат уште поголеми страданија, стигми , невработување , а дискриминацијата продолжи по сите основи.

Одлика на секој тоталитарен режим е од народот да направи свој најголем непријател , но и свој најголем соработник. Својствено на тоа , луѓето се управуваат со агресија , култура или не(култура) на живеење , автентична на првобитните племиња. На простодушниот и ограничен ум не му е лесно да се одрече од задоволувањето на своите агресивни склоности и нагони затоа што во спротивно не би се чувствувал добро. Не треба да се потценува и агресијата која е строго управувана од државниот апаратус, а истиот управува со помалку културниот круг кој го празни својот нагон, напаѓајќи ги сите оние кои се надвор од тој круг. Управувањето со агресија е чинам доста опасно , секогаш на линија на тенкиот мраз, а спротивствавувањето на групите ( било да се по национална , верска или друга омраза) според Фројд се вика “нарцизам на малите диференции”

Доколку културата на агресија која е добро проучена и денес чинам девалвирана во Европа, а кај нас е се уште присутна и бара толку многу жртви, тогаш е тешко да се каже дека човекот, индивидуата која живее на ова поднебје би се чувствувала среќна .

Кога со право приговараме на денешната состојба што премалку ги исполнува нашите очекувања да се изгради барем малку достоинствен живот за секој поединец и да се избегнат сите оние стрданија кои најверојатно може да се избегнат и доколку со непоштедна критика може да се откријат корените на тоа несовршенство, тогаш нашиот пат е сосема исправен и затоа не треба да се третираме како непријатели.

Расчистувањето со југословенскиот комунизам , режим кој френетично бараше “непријатели” како би ја оправдал својата бруталност, беше процес кон заздравување на општеството, процес кој би го обединил народот кон по високи цели , но не( културата) од типот ние/ вие , поделба по сите основи ,направи состојба од која тешко се излегува, а тоа е “психолошка беда на масите”.

Стана опасно, а таа опасност се заканува, посебно таму каде што општетсвените мрежи се воспоставуваат претежно со меѓусебна идентификација , а водителот на тие мрежи само го продлабочува јазот и ги управува групите да ги мразат оние другите.

Северна Македонија дојде до состојба во која денес и не знам дали има место за реплика или критика .

Кога сознанието може да биде проблемтично во јавниот дискурс и кога треба да се разговара со факти, се уфрла моралот, а кога моралот станува проблематичен , се уфрла нешто друго.

Наместо да има индивидуална слобода, намерно се спуштаат стандардите на јавниот говор така што секоја понатамошна расправа станува бесмислена.

Како последица на тоа , настанува и морално и духовно осиромашување на народот, поглед низ црно- белата фикција па сето тоа им овозможува на трите столба , финснискиот , медискиот и полициско- безбедносниот непречено да се оддржат. Имате еден авторитарен владетел, па кога ќе стане проблематичен , ќе се замени со друг , но секогаш структурата на опшеството останува иста. Таквото авторитарно владеење е карактеристично за Латинска Америка и тоа не цело време , туку само во некои периоди , но кај нас наместо да има индивидуални слободи , право на говор, дебата , и наместо да се движиме кон ЕУ , ние заостануваме во некаков луд тоталитаризам кој станува се’ по стегнат и уште повеќе наметлив. Благородната идеја за слобода , медиумите ја негираат на нивен својсвен начин и ја презентираат тесно и формално, а сето тоа не може а да не предизвика немир кај секој интелектуалец и критичен ум кој треба да биде свој и да не биде растопен во колективниот мравјаник. Тоа е македонската „етика „на катадневноста

Против овој луд тип на тоталитаризам не можеме да се бориме со скептична формална слобода , туку само со вистината која ослободува. Спознанието на самиот себеси доживува иманентна криза, па се прашувам како човек може да твори растопен во колкетивизмот до степен на бестилизација? Неисчезнатата тоталитарна матрица ја завзела човековата душа во нејзините длабочини , па денес секој еден е апаратчик на некој друг и така со пирамидалната поставеност од дното па се до врвот..

Личноста е деперсонализирана , а позади тоа стои маската на духовите на историјата со фатално повикување на крвта што тече во вените на денешниот растопен како путер на оган ,просечен македонец . Во бездната на небитието , кое е испразнето до апсурд , се случува еден феномен што многу добро го опишува и самиот Берѓаев кој се служи со терминот Шпенглер псевдометарморфоза што е позајмен од минералогијата и ја означува старата кристална решетка исполнета со нова супстанца , супстанца која е новиот императив , национален во формата , спротивен на суштината , колективистички во принципот .

Лицемерност и претворање што го создава фанатизмот за „добрината“, а е слеп за живата личност ..Фарисејската психологија која доведува до лицемерие поминува низ и личноста и ја обезличува . Така настанува кошмарот на доброто зло , а во празнината на деперсонализираната единка се внесува новата утопија со нациналистички каракер . Обезличената од лицемерие Северна Македонија , каде исклучителниот парадокс на доброто зло и деперсонилираната и деиндивидуилираната личност која може многу добро да ја манипулирате , е изгубена во тековите на денешната Европа , изгубена од самата себеси , од безличната стихија прикована со злоба , омраза и одмазда . Тесниот морализам некако мора да се прикрие , па затоа во главата на просечниот Македонец , во испразнетата решетка за која зборува Берѓаев се внесува една огромна количина на турбо фолк национализам , новата персонализација на просечниот Македонец , па денес на медиумите имате куп емисии во кои Македонците се претставуваат како најстар народ на светот.Количеството на енергија која ја трошат Македонците за да докажат дека се нуклеус на животот на Земјата е сулуда . Во Северна Македонија не можете да го трансцедентирате животот затоа што и самаиот чин за апстрактно мислење за Македонија е хереза. Мислам дека сето тоа им е толку многу важно , што не би ме изненадило и да се докажуваат дека според Бинг Бенг теоријата за Космосот , еден ден ќе кажат дека и Космосот настанал заради Македонците . Тие не живеат ниту во хелиоцентричен , ниту во геоцентричен систем , туку во македоноцентричен.

Но , зошто е тоа така? Затоа што им е тешко отрезнувањето од бунилото во кое се наоѓаат.

(Северно)Македонците и понатаму „буљаат“ во својата држава како да е во прашање perpetuum mobile за кое немаат ниту упатство за употреба , ниту пак знаат како да го завртат тркалото.

Северна Македонија , иако се претставува како парламентарна демократија , во суштина е авторитарна , со многу малку медијска слобода , изразито висок степен на партократија и култ на владател , како и ништо помалку важно – вечната љубов кон старите југословенски удбашки инсталации , старо – новиот Левијатан во очекување да ги спаси.


И на крај , сето ова е една умножена дигресија , еден маскенбал разигран со епизоди чија целина , смешно кршлива ја држат неколку ликови од тајните ни служби и медиумите со нивните дејства чија залудност тера на смеење .Скандал на беззначајноста , но за нивна жал, чудата кратко траат , па се надевам дека на ова лудило ќе му дојде крајот . Сето тоа ќе помине , а ќе им остане само нивното дрдорење .



Слични Објави