|

Од среда пластичните кеси ќе чинат 15 денари

Од среда во сите трговски обејкти пластичните биоразградиви кеси ќе се наплаќаат по 15 денари. Ова го предвидува Законот за управување со пакување и отпад од пакување. Досега, цената на кесите зависно од трговските објекти чинеше од 1 до 10 денари.

Со оваа одлука, како што информираа од Министерството за екологија, се прави обид да се намали употребата на пластични кеси, а граѓаните да се префрлат на кеси кои ќе бидат за повеќе употреби изработени од еколошки материјали.

Истовремено од среда се воведува и забрана за еднократна употреба на пластично пакување во заштитените подрачја.

Надоместокот од 15 денари за биоразградливи кеси ќе мора да биде евидентиран и пренесен во посебен фонд на Министерството за животната средина и просторно планирање.



Слични Објави