„ЏЕЗМЕН” НА СИМЈАНОВСКИ ПРИКАЖАН НА „МАНАКИ”
Филмот „Џезмен“ на Аљоша Симјановски кој премиерно беше емитуван на ИФФК „Браќа Манаки“ наскоро ќе биде прикажан и во Скопје на „Скопски џез фестивал“.
За филмот посветен на Велибор Педевски, голем љубител на џезот, денеска на прес-конференција говореа авторот Симјановски и директорката на фестивалот, Гена Теодосиевска.
На јубилејниот ИФФК „Браќа Манаки“ освен програми за возрасните се реализираат и проекции за најмладите кои денес го проследија филмот „Дива Вештерка“, потоа учествуваа и на детска работилница со наслов „Нацртај го својот омилен цртан јунак“
