СЕ САМОУБИЛ РУСКИ МИЛИЈАРДЕР БЛИЗОК ДО ВЛАДИМИР ПУТИН

//

Блискиот до рускиот претседател бизнисмен, Дмитриј Босов, е пронајден мртов во својата хациенда во селото Усово во близина на Москва. Дмитриј Босов е еден од најголемите играчи во бизнисот со јаглен во Русија, и беше спонзор на ноќната хокеарска лига во која што многу често земаше учество и рускиот претседател Путин. Руските власти не објавуваат повеќе информации околу смртта на Босов, а официјалната верзија е дека тој се самоубил изутринава. Неговото тело било откриено од роднини. Портпаролката на московското истражителство пред руските медиуми изјавила дека до телото на Босов е пронајден автоматски пиштол Глок.





Претходна статија

ДОЖИВОТНА КАЗНА ЗАТВОР ЗА ЖЕНА ОД ДЕБАР КОЈА ГИ УБИЛА СВОИТЕ РОДИТЕЛИ И МАЛОЛЕТНАТА СЕСТРА

Следна статија

АНА ГЛИГОРОВА: ЛУЃЕТО ЖИВЕАТ СО 50 ДЕНАРИ, Ј*БАЛИ ВЕ ВАС ТЕНДЕРИ, ПРОВИЗИИ, ПОТКУПИ

Најново од Вести