|

ДОЖИВОТНА КАЗНА ЗАТВОР ЗА ЖЕНА ОД ДЕБАР КОЈА ГИ УБИЛА СВОИТЕ РОДИТЕЛИ И МАЛОЛЕТНАТА СЕСТРА

Основниот суд во Гостивар ја осуди на доживотна казна затвор обвинетата Б.П. од Дебар која на 26 август 2018 година во семејната куќа ги уби родителите и малолетната сестра.

Еден од обвинетите кој и помагал на обвинетата е осуден на 10 години затвор, а за другиот обвинет е изменето кривичното дело и по одлука на судот, постапката за него ќе продолжи за сторено кривично дело – неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Гостиварското обвинителство е незадоволно од одлуката на судот за двајцата обвинети кои го помагале извршувањето на убиството и се најавува жалба на пресудата.

Слични Објави