|

Разрешувањето во Судскиот совет го кренаа на нозе и министерот за правда

Министерот за правда соопшти дека со голема загриженост ги следи настаните во Судскиот совет.

Според него, и покрај тоа што Судскиот совет е самостоен и независен орган, кој треба да ги обезбеди самостојноста и независноста на судската власт, она што во моментот се случува во голема мера ќе влијае на натамошната доверба на граѓаните во судството.

„Заради добивање повеќе информации, Министерството за правда испрати барање до Судскиот совет да ги достави на увид записникот од 438. седница, како и усвоениот дневен ред. Се надеваме и посакуваме да се надмине целокупната ситуација, а Судскиот совет да биде орган што ќе води грижа за угледот на судството“, наведуваат од кабинетот на министерот Кренар Лога.



Слични Објави