|

ЕДНО ЛИЦЕ ОД ПРИВЕДЕНИТЕ ПО СИНОЌЕШНИОТ ИНЦИДЕНТ ВО „8 СЕПТЕМВРИ“ ПОЗИТИВНО НА КОВИД-19

Еден од приведените за вчерашниот инцидент во Градската општа болница 8 септември бил позитивен на коронавирус и имал решение за самоизолација, соопшти МВР. 29-годишниот Б.С. ќе биде спроведен во државен карантин и против него ќе бидат поднесена кривична пријава за загрозување на здравјето на граѓаните, јавува Телма.

Според првичните информации петмина од шесте приведени учествувале во инцидентот кој се случи синоќа. Тие дошле во болницата да го подигнат телото на роднина која починала за да го однесат на обдукција. Лекарите се обиделе да им го објаснат протоколот но тие продолжиле со насилното однесување и заканите кон докторката, тврдеќи дека се вооружени.

По пријавата пред болницата беа испратени неколку полициски тимови.

Слични Објави