Грабеж во аптека во Чаир, на 40-годишниот сопственик му се слошило и починал

/

Сопственик на аптека починал синоќа откако му јавиле дека крадци влегле и му ја ограбиле аптеката во Чаир.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, синоќа околу 20 часот едно лице со закана со нож влегло во аптека на улица „Џон Кенеди“ и со закана со нож кон вработената, го украл дневниот промет.

Десетина минути подоцна во аптеката дошол четириесетгодишниот сопственик на кого му се слошило. За кратко време дошла Итна помош и со нивно возило е однесен комплекс Мајка Тереза –Кардиологија , каде од страна на лекар е констатирана смрт.



Извор: Zoom. mk

Претходна статија

Колев до Симовски: Дали после пописот секое лице ќе може да ги провери своите податоци?

Следна статија

Милошоски: Османи и Спасовски ја криеле „Ерменската афера“ со дипломатот

Најново од Вести