(Видео) „Браточенди. Гласови од Албаниja“ документарен филм на познатиот бугарски новинар Бојко Василев за Бугарите во Албаниja
Бугарската национална телевизија синоќа го емитуваше документарниот филм на Бојко Василев „Браточенди. Гласови од Албанија“.
Познатиот бугарски новинар разкажува за бугарското малцинство во Албанија и ги среќава гледачите со различни луѓе кои ја отелотворуваат врската со Бугарија.
Освен Бојко Василев и одговорниот оператор на „Панорама“ Михаил Врабчев, тимот што го реализира „Браточенди. Гласови од Албанија“, ги вклучува видеотехничарот Јулијан Димитров, уредничката Албена Колчакова, монтажерот Цветослав Јуруков и режисерката Марија Христова.
Авторот на филмот и неговата екипа нѐ среќаваат со семејството Бело од село Врбник, со Рамона Тулумани, оперска ѕвезда во Албанија, чиј дедо е главниот инженер на Софиската опера, со Јанка и Милена Селими, кои преведуваат бугарска литература на албански јазик и со многу други луѓе, кои сонуваат за Бугарија и Европа.
Во документарната приказна „Браточенди. Гласови од Албанија“ ќе видите што велат за Бугарија албанскиот премиер Еди Рама, светски познатиот писател Исмаил Кадаре и популарниот новинар Сокол Бала.
„Во овие луѓе го видовме и минатото и иднината. Минатото на нашиот јазик и начин на живот зачувано во албанските планини. И иднината, во која патот од Софија до Тирана ќе биде краток за братучедот, пријателот, талентираниот и претприемчивиот“, вели Бојко Василев, кој е автор и сценарист на филмот.
Погледнете го филмот во видеото што следи: