| |

Трифонов: Укинување на визите за САД Бугарија во Шенген и Северномакедонците да го исполнуваат договорот за добрососедство

„Бидејќи Американците толку многу ја сакаат Северна Македонија во Европската Унија, нека на граѓаните на Бугарија, како што тоа важи и за граѓаните на повеќето земји во Европската Унија, да немаат потреба од визи за да одат во Америка. Односно, ние сме полноправна членка на ЕУ и бугарските државјани, бидејќи се Европејци, да немаат потреба визи за да одат во Америка.

И второ, повторно, бидејќи сме полноправна членка на Европската Унија, Бугарија мора веднаш да стане членка на Шенген зоната. Аман од чекање, демек сме Европејци, но излегува дека сме помалку Европејци од вистинските Европејци. Значи – без визи за Америка и членови на Шенген веднаш.„Ова на Фејсбук го напиша лидерот на „Има таков народ „Слави Трифонов.

Темата Македонија, извинете – темата Северна Македонија е важна за сите Бугари. Затоа што тоа е дел од нашата национална историја и најважно – затоа што над 200 илјади бугарски војници загинаа за слободата и обединувањето на оваа земја.

Бидејќи и јас сум Бугарин и ми е важно, ќе го споделам моето мислење. Еднаш отидов во Македонија.

Во Скопје, спроти бугарската амбасада, имаше голем натпис со спреј. Натписот гласеше: „Бугари, умрете!“ Стоев пред овој знак половина час. Го гледав и си мислев – зошто луѓе, што ви направивме за да чувствувате таква омраза?

Поради историски и емотивни причини не треба ли да биде токму спротивното. Стотици илјади од вас имаат бугарски пасоши, нели?

За да добиете бугарски пасош, мора да ги докажете своите бугарски корени. Значи, вие што имате бугарски пасоши во Македонија, извинете – во Северна Македонија и самите сакате да бидете мртви. Затоа што сте Бугари. Според пасошот. И на ваше барање.

Во вашите учебници по историја пишува дека Бугарите се фашисти. Значи, вие самите сте фашисти.

Се разбира, можам многу да зборувам за ова прашање, се со такви факти, но сега времето е поинакво. На 10 јануари ќе има Консултативен совет кај претседателот, темата е Македонија, извинете – Северна Македонија, затоа што Македонците сакаат да станат членки на Европската Унија, а Бугарија ги блокира и сме под притисок да ги пуштиме. . И покрај сите факти што ги наведов погоре. А што да правиме сега, драги Бугари, кои не се срамите да се нарекувате Бугари и со гордост и достоинство во душата го носите името „Бугарин“?

Ќе ви кажам што мислам. Бидејќи Американците толку многу ја сакаат Северна Македонија во Европската Унија, нека на граѓаните на Бугарија, како што тоа важи и за граѓаните на повеќето земји во Европската Унија, да немаат потреба од визи за да одат во Америка. Односно, ние сме полноправна членка на ЕУ и бугарските државјани, бидејќи се Европејци, да немаат потреба визи за да одат во Америка.

И второ, повторно, бидејќи сме полноправна членка на Европската Унија, Бугарија мора веднаш да стане членка на Шенген зоната. Аман од чекање, демек сме Европејци, но излегува дека сме помалку Европејци од вистинските Европејци. Значи – без визи за Америка и членови на Шенген веднаш.

Штом САД и ЕУ сакаат да бидеме лојални партнери, добро, но лојалноста е двонасочна. Ние ќе им бидеме лојални, но и тие нека ни бидат лојални. Ова е фер. И така е правилно.

Под овие услови, и доколку Македонците, извинете – Северномакедонците, ги исполнат нашите услови потпишани во Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Бугарија и Северна Македонија, можеме да го започнеме преговарачкиот процес за прием на Северна Македонија во Европската Унијата.

Така мислам јас Станислав Тодоров Трифонов, државјанин на Бугарија“, стои во објавата на лидерот на Има таков народ Слави Трифонов.

Слични Објави