| |

Бугарскиот писател Георги Господинов и Анџела Родел ќе претстават збирка раскази на книжевна средба во Пенсилванија

Бугарскиот писател Георги Господинов и преведувачката Анџела Родел ќе учествуваат на книжевно читање и разговор на 14 октомври во Кингс колеџ во Вилкс-Баре, Пенсилванија, соопшти Генералниот конзулат на Бугарија во Њујорк на својата фејсбук-страница, пренесува Actualno.com.

Средбата е посветена на збирката раскази „The Man with Many Names: Stories“ („Човекот со многу имиња: раскази“), која на 13 октомври излезе на американскиот пазар во превод на Родел.

Настанот ќе започне во 19 часот по локално време во салата „Бурк“ на Факултетот за бизнис „Мекгауан“ при Кингс колеџ. Влезот е бесплатен, а средбата е отворена за сите заинтересирани.

Изданието содржи раскази пишувани во текот на три децении и ги опфаќа темите за времето, сеќавањето и сочувството, карактеристични за творештвото на Господинов.

Господинов и Родел се добитници на Меѓународната награда „Букер“ за 2023 година за романот „Времеубежиште“ и неговиот превод на англиски јазик, „Time Shelter“.

Слични Објави