| |

Во Македонскиот научен институт во Софија претставена книга за Климент Шапкарев

Книгата „Климент Шапкарев – учител, револуционер, публицист“ од д-р Георги Тренчев беше претставена вчера во Македонскиот научен институт во Софија, Бугарија.

Научен уредник на изданието е доц. д-р Наум Кајчев, а рецензент е доц. д-р Милен Михов.

На промоцијата присуствуваше внуката на Климент Шапкарев, Здравка Шапкарева, која има значаен придонес во подготовката на изданието. Меѓу присутните беа и роднини, почитувачи и пријатели, меѓу кои Стефан Лазаров, Рајна Дрангова и Петар Мутафчиев.

Со поддршка на Димитар Шалев, сопственик на издавачката куќа РИК „Ирин-Пирин“ и уредник на книгата, сите присутни добија примерок со автограм од авторот.

Слични Објави