МЗ: На Клиниката за инфективни болести нема хоспитализиран пациент со мајмунски сипаници

/

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести нема хоспитализиран пациент суспектен за мајмунски сипаници.Во врска со пациентот кој се споменува во медиумите, според информациите од кичевската болница станува збор за суспектен пациент кој е во добра здравствена состојба и со уредни лабораториски резултати, кај кого е дадена препорака за тестирање.Во моментов се организира  епидемиолошки тим кој ќе спроведе епидемиолошка анкета.

До овој момент не е доставен материјал за тестирање во Институтот за јавно здравје и во државата нема потврден случај на мајмунски сипаници.



Извор: Zoom.mk

Претходна статија

Спасовски: Не можат криминалците да го победат најголемото мнозинство во државата

Следна статија

„Цар Борис III“ од Охрид: Ние не сме неонацистичко здружение, ги почитуваме Уставот и законите на Македонија, која е и наша земја

Најново од Вести