МУЦУНСКИ: СОБРАНИЕТО МУ ГО ВРАТИ НА ПЕНДАРОВСКИ БАРАЊЕТО ЗА ПОТВРДА НА ВОНРЕДНАТА СОСТОЈБА

На денешната прес конференција пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски рече дека според негови информации, барањето на претседателот Пендаровски испратено до Собранието за да се потврди вонредната состојба донесена поради епидемијата од корона вирусот, се вратени назад.

loading...

„Немам информација зошто овие материјали се вратени кај Пендаровски, а како пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ ќе се изјасни по однос на ова прашање, став ќе изградиме откако ќе ги видиме материјалите” рече Муцунски.

Тој го повтори ставот на партијата дека тие се против одржување он-лајн седници на Собранието.


loading...

“Сметаме дека треба да се превземат сите мерки за заштита на здравјето и на пратениците и на вработените во Собранието, но не и да се носат вакви избрзани одлуки. Ние имаме дилема дали овој чекор воопшто е уставен и дали можеме да го реализираме без да се злоупотреби позицијата” потенцираше Муцунски.

Од кабинетот на Пендаровски велат дека не се вратени и дека се уште се во процедура во Собрание.