| |

„АСТРАЗЕНЕКА“ ЌЕ ИСПОРАЧА УШТЕ 9 МИЛИОНИ ДОЗИ ВАКЦИНИ ВО ЕУ

Европската Унија соопшти дека британско-шведската компанија „АстраЗенека“ ќе испорача дополнителни 9 милиони дози вакцини против коронавирус до март, пишува Би-Би-Си.

Претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен рече дека тоа е чекор напред. Но, сега очекуваните дози се сè уште само половина од оние што се очекуваат поради постојани проблеми со снабдувањето.

„Астразенека ќе започне со испораки една недела порано од предвиденото“, објави фон дер Лајен на Твитер, додавајќи дека „компанијата исто така ќе ги прошири своите производни капацитети во Европа“.

Европската агенција за лекови деновиве ја одобри употребата на вакцината против Ковид-19 „АстраЗенека“ во соработка со Универзитетот Оксфорд. Дозволата се однесува на употреба кај населението постаро од 18 години, а по одобрувањето на Агенцијата, употребата на вакцината во Европската унија треба да биде потврдена од Европската комисија.

Слични Објави