СЕКОЈ ВТОР ГРК НЕ ГО ОДОБРУВА ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР
Половина од анкетираните Грци или 51% сметаат дека Договорот од Преспа е потег во погрешна насока, а 36,8% – во вистинска насока. Ова го покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „About people“ за грчкиот информативен портал News247, пренесува Zoom.mk.
Во истражувањето за грчката надворешна политика, со фокус на односите со Турција, од испитаниците било побарано да ги искажат своите ставови за Договорот од Преспа, што беше ратификуван од грчкиот парламент на 25 јануари 2019 година.
Според резултатите од анкетата мнозинството од испитаниците што не го одобруваат Преспанскиот договор гласале за Нова Демократија на последните парламентарни избори во Грција.
Останатите 12,2% на конкретното прашање во врска со Договорот од Преспа ја одбрале опцијата „Не знам / не сакам да одговорам“.