„Eдинаесет години за време на режимот на Груевски тој и неговите распашани пратеници и министри не само што го издигнаа криминалот и корупцијата на ниво на систем за ограбување на сопствената земја под маската на патриотизмот туку лустрираа невини и живи и мртви, говорот на омраза против опозицијата и независните мислители го издигнаа на ниво на врвна уметност, јавните клеветења на опозиционери со измислени работи беа нормална работа, нарачуваа лустрации и апсења, ја користеа тајната служба за највалкани операции и јавно ни продаваа некаква љубов кон татковината, чесност и способност“- пишува во својата колумна за весникот Независен универзитетскиот професор Ѓорѓи Спасов
