Бугарски студенти создадоа ѕидна композиција за театарот во Велико Трново
Студенти од Великотрновскиот универзитет создадоа ѕидна композиција „Музите и сценските уметности“, која веќе го украсува централното фоаје на Музичко-драмскиот театар „Константин Кисимов“ во Велико Трново, јавува БНТ.
Композицијата се состои од пет пана посветени на драмата, музиката, танцот и комедијата, како и на нивните музи.
Официјалното откривање на ѕидната композиција ќе го означи и почетокот на новата театарска сезона.
