ОСИГУРУВАЊЕ СО ДОПОЛНИТЕЛНИ ДОЗИ: В. БРИТАНИЈА ПОРАЧА 40 МИЛИОНИ ВАКЦИНИ ОД КОМПАНИЈАТА „ВАЛНЕВА“
Британската влада постигна договор за испорака на 40 милиони вакцини за 2022 година што ќе бидат производ на француско-австриската компанија „Валнева“. Со тоа, вкупниот број на вакцини од таа лабораторија што ги порача Британија изнесува 100 милиони дози, соопштено е денеска.
Француско-австриската биотехнолошка компанија „Валнева“ и Велика Британија во септември потпишаа партнерство за набавка на потенцијални 190 милиони дози на вакцината со максимална вредност од 1,4 милијарди евра, пренесува Слободен Печат.
Компанијата „Валнева“ сооошти дека британската влада ја задржува можноста за набавка на дополнителни 90 милиони дози од вакцината што би можеле да бидат испорачани во периодот од 2023 до 2025 година.
Велика Британија, пак, соопшти дека бројот на ваквини што ги нарача земјата од различни добавувачи, по новиот договор, ќе изнесува 407 милиони за период од две години.