ПРИВРШУВА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА КОНАЦИТЕ ВО МАНАСТИРОТ ТРЕСКАВЕЦ
По тригодишно интензивно градење и реконструирање на уништените од големиот пожар конаци на манастирот Tрескавец,тие најверојатно ќе бидат готови до септември за Голема Богородица.
Но истите тешко дека ќе можат да се користат од туристи и верници бидејќи проектот за довод на вода и одвод не е реализиран. А,нема одговор и на прашањето кога ќе биде реставрирана и манастирската црква Успение на пресвета Богородица изградена меѓу 12 и 13 век.
Прилепските локални власти тврдат дека имаат доставено проект до владата за решавање на проблемот со водата..потребни се 6 милиони денари во спротивно нема законска основа за технички прием на овој дел од манастирскиот комплекс.Паралелно треба да завршат и истражувањата за црквата која е во фаза на распаѓање.
И додека надлежните и оние од министерството за култура немаат одговор на прашањето кога ќе биде завршено целокупното реконструирање и обновување на манастирскиот комплекс,ова духовно светилиште останува отворено за стотици туристи и верници како од земјава така и од странство.
Извор: Канал 5


