| |

ГРУБИ: ОДЛУКАТА НА МЕЏИТ Е ЛИЧНА, ЈА ПОЧИТУВАМ

Вицепремиерот Артан Груби денеска, коментирајќи ја одлуката на Изет Меџити да се повлече од функцијата координатор на пратеничката група на ДУИ, рече дека тоа е негова лична одлука и дека ја почитува. Во меѓувреме, во врска со споровите во рамките на ДУИ, Груби рече:

„На последниот состанок се согласивме да ги поддржуваме политиките на ДУИ. После таа средба, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, рече дека сите прашања се решени и немам што да додадам по таа изјава“, рече Груби. На прашањето дали Меџити може да биде наследник на Ахмети на чело на ДУИ, Груби одговори:
„Изет Меџити има над 20 години искуство во ДУИ и како и да е може да биде наследник на Ахмети“, рече Груби.



Слични Објави