Денков: Уставните измени во РСМ се внатрешен проблем, Скопје мора да си ја заврши „домашната задача“
Уставните измени во РСМ се дел од преговарачката рамка со ЕУ, рече бугарскиот премиер академик Николај Денков на стратешкиот форум во Блед, јавува БГНЕС.
„Можеби ќе треба да го играм лошиот полицаец. ЕУ не е прашање на географија, туку прашање на вредности. Она што треба да не обедини во ЕУ се вредностите, а не географијата“, го започна својот говор на форумот бугарскиот премиер.
Тој го сврте вниманието и на фактот дека Бугарија е блокирана и од Холандија и Австрија во однос на Шенген.
„Знам како е да се чувствуваш така кога правиш одредени напори. И токму по повод Шенген имаме јасна агенда – што треба да се прави секој ден во парламентот, во владата итн. , т.е. ајде на 100% да си ја завршиме домашната задача“, рече Денков.
Тој, сепак, нагласи дека голем дел од проблемите меѓу соседите се резултат на внатрешните конфликти во дадената земја.
Но, ова не е мој личен проблем“, рече премиерот. „РСМ треба да го искористи секој отворен прозорец денес и во текот на следните неколку месеци.
„Сите гледаат кон Бугарија – Зошто се фокусирате на уставните измени? Да поставам едно прашање: „Зошто е толку голем проблем Бугарите да бидат вклучени меѓу 10 други националности во македонскиот устав?“, продолжи тој.
Николај Денков повтори дека прашањето во РСМ не е негов личен, туку политички проблем. И ова политичко прашање сега е меѓу Северна Македонија и Европската Унија.
„Ќе бидам среќен следниот пат кога ќе бидеме сите заедно, овие земји да ги имаат започнато преговорите. Сметам дека Балканскиот Полуостров е една целина – географски и политички. Но, за оваа цел мораме да си ја завршиме домашната задача“, заклучи министерот Денков.