| |

ГДУ-ШТИП ПРАША ЗА ПОДГОТВЕНОСТА НА ПРОТИВПОЖАРНАТА СЛУЖБА ВО ГРАДОТ ПОД ИСАРОТ И ПОБАРА РЕНОВИРАЊЕ НА СТАРИТЕ ШТИПСКИ КУЌИ

Во какви услови работат штипските пожарникари и што локалната власт направи за да им обезбеди безбедни и сигурни услови за работа, праша потпретседателот на локалниот клуб на Граѓанско демократска унија-ГДУ во Штип, Марјан Михов.

„Каква е техничката и персонална подготвеност на противпожарната служба во Штип и регионот? Дали таа подговеност одговара на европските стандарди? Какви инвестиции се направени во службата од доаѓањето на новата локална власт? Има ли предвидено нови инвестиции во Буџетот 2019? Има ли инвестиции во минатото или пропусти кои треба да се корегираат“, праша Марјан Михов, потпретседател на ГДУ – Штип.

Дополнително, од ГДУ има прашање за Општината и за старите штипски куќи кои се прогласени за споменици на културата:

„Куќите на булевар Гоце Делчев кај Црквата Св. Никола  кои се заштитени со закон и преставуваат културно архитектонско наследство пропаѓаат и се во катастрофално лоша состојба. Дали ќе се реставрираат и кога е предвидено да се случи тоа, бидејќи освен тоа што се распаѓа нашето културно наследство, реално претставуваат и опасност за граѓаните кои минуваат покрај нив, истакна Михов.

Освен прашања и критика , од ГДУ имаа и пофалба за локалната власт во Штип:

„ Редно беше во 2018 година штипјани и особено младите во градот да се запознаат со еден прекрасен зимски спорт. Искрено се надеваме дека за ваков убав и иновативен момент во некоја друга област нема да чекаме до 2030 година“, рече  потпретседателот на ГДУ – Штип Михов.

Извор: ТВ Стар



Слични Објави