| |

КАМПАЊА ЗА ПОДДРШКА НА ПРОЕКТОТ ИЗДАВАЊЕ НА ИСТОРИСКИ СИНОПСИС НА ВИЗАНТИСКИОТ ХРОНИЧАР ЈОАН СКИЛИЦА

Професорот по латински и старогрчки Васко Цветкоски од Ресен почна кампања за собирање на средства за издавањето на неговиот превод на капиталното документарно дело „Историски синопсис“ од познатиот византиски хроничар Јоан Скилица.

Историјата на Јоан Скилица е најважниот и најцитираниот историографски извор кога станува збор за Цар Самоил и настаните пред и по него. Се работи за 450 страници текст, превод од старогрчки на македонски јазик, кој ги опфаќа настаните од крајот на 9-ти до почеток на 12 век. Книгата е двојазична, текстот е во две колони на страница, едната колона- текстот на изворот на старогрчки, а другата колона- преводот на македонски.

Преводот е завршен уште 2014 година и овој превод требаше да излезе во знак на јубилејот 1000 години од битката на БеласицаНо поради немање на средства за печат сеуште стои далеку од дофатот на македонската читачка публика.

Тие што ќе ја поддржат кампањата на Indiegogo со $20 (ако живеат во странство) и $10 (ако живеат во Македонија) ќе добијат печатена книга со нивното име и презиме и посвета со благодарност на насловната страница од книгата.

Сите што сакат да помогнат во ова благородно дело можат да го направат тоа на следниот линк. 

Слични Објави