Македонскиот Бугарин од Битола Миле Ацев Јованоски преку социјалната мрежа Facebook го постави прашањето каде била антидискриминаторката Весна Бендевска во 2010/2011 г, кога тој бил избркан од работа, заради неговата бугарска етничка припадност. Таа не обрнала внимание на случајот и покрај што за истиот и било сугерирано и од новинарска екипа на Бугарската национална телевизија начело со новинарот Росен Цветков, според пишувањето на Миле Ацев.
„Се прашувам, прашувам и СЕГА….Зошто таа истата г-жа Весна Бендевска,не дојде барем ја разгледа мојата ДИСКРИМИНАЦИЈА во 2010/11, кога бев избркан,како куче од работа,иако и беше сугерирано од екипата на БНТ на чело со новинарот Росен Цветков. Исто и тогаш таа беше претседател на таа иста комисија „за заштита од дискриминација„! А,сега „трча“ во нашиот клуб „Иван Михајлов“ во Битола,поради некаква „дискриминација“, напиша Миле Ацев Јованоски