Олуја!
Аргир од Б’лгарско Блаца
Поминаа 30 години од специјалната Воена операција на Хрватската Армија, со која самостојната Хрватска држава го воспостави својот целосен суверенитет на својата територија, оспоруван и напаѓан од страна на паравоени формации на Србите и остатокот от србизираната ЈНА!
Тоа означи и дека,пред 30 години, идеите на Југословенството и Голема Србија беа воено поразени и политички надминати.
Но, денес овие идеи, иако слаби, сеуште полураспаднати, се преименувани и вештачки разубавени, па се појавуваат како зомби од мочуриштата на деморализираната култура, уметност, кино, музика, економија, имиграција, медиуми, правда, наука и образование. Великосрпството обвиено во обландата на југоносталгијата, делумно финансирано од странски центри на манипулативна глобалистична моќ, повторно сака да ни каже дека центарот на нашата иднина е така наречениот ‘српски свет’, светот на Белград и неговата експанзионистичка политика!
Бојното поле на нашето време треба да биде борбата на Хрватска и Северна Македонија, Албанија, Косово како и целиот балкански регион, во областа на културата, уметноста, киното, музиката, образованието, медиумите, правдата и науката, во одбраната на традиционалните вредности, здравиот разум, правото на живот и достоинство на секој Хрват и Македонец – Бугарин, Албанец, Влав, Турчин итн.

