|

Почна обуката на пожарникарите кои беа селектирани по јавен оглас на владата

Повеќе од 360 лица денеска ја започнаа обуката за пожарникари по јавниот оглас на владата. Сите лица треба да добијат сертификат за гасење на пожари, и да помогнат во справувањето со пожарите низ државава.

„Точно 364 лица, од кои 34 во Скопје, ќе ја искористат мерката на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, на која ќе се обучуваат теоретски и практично за справување со пожарите во Македонија. Нивниот ангажман ќе биде сезонски и ќе биде финансиски поддржан од Владата со по 24 илјади на секој работник“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Обуките веќе се во тек низ 13 градови во државата, со што се покриваат 28 општини низ државата. Младите лица кои се пријавени на обуките, ќе поминат дводневна обука, со која ќе бидат подготвени за само една недела да излезат на терен во справувањето со огнените стихии.“, додаваат од владејачката партија.



Слични Објави