Воената академија „Г. С. Раковски“ ја отвора академската 2026/2027 година за офицери
Воената академија „Г. С. Раковски“ на 1 септември ја отвора академската 2026/2027 година за офицери, соопшти прес-центарот на Министерството за одбрана на Бугарија.
Свечениот ритуал ќе вклучува пречек на борбеното знаме, прием на стројот од началникот на Воената академија, генерал-мајор Стајко Прокопиев, како и водосвет по повод почетокот на учебната година.
Пред офицерите и наставниот кадар предавања ќе одржат министерот за одбрана на Бугарија Димитар Стојанов и началникот на одбраната, адмирал Емил Ефтимов.
На отворањето се поканети и претставници на академската и научната заедница, ректори, членови на Советот на настојатели на Воената академија и други гости.
Воената академија „Г. С. Раковски“ е првата воена високообразовна институција во Бугарија. Основана е со закон на 1 март 1912 година, усвоен од 15-от состав на бугарското Народно собрание.
Од Академијата посочуваат дека институцијата има долгогодишна традиција во високото образование и во подготовката и обуката на офицери и студенти на различни магистерски студиски програми.

