| |

Изложба по повод 35 години од бугарскиот Устав во осум регионални библиотеки ширум Бугарија

Фотодокументарната изложба „35 години Устав на Република Бугарија“ од 1 септември 2026 година ќе биде претставена во регионалните библиотеки на бугарските градови Монтана, Враца, Видин, Варна, Пловдив, Стара Загора, Русе и Велико Трново, соопшти прес-центарот на Народното собрание, пренесува БТА.

Иницијативата е на претседателката на парламентот Михаела Доцова и има цел пред пошироката јавност да прикаже архивски фотографии и документи поврзани со усвојувањето на Уставот од 7. Големо народно собрание.

Изложбата опфаќа фотографии од клучни моменти во изработката и усвојувањето на основниот закон, копии од дел од вкупно 16 предложени уставни проекти, записници од работата на надлежната комисија и специјалниот регистар со потписите на пратениците.

Поставката ќе биде отворена во Монтана на 1 септември, во Враца на 14 септември, во Видин на 28 септември, во Варна на 12 октомври, во Пловдив на 26 октомври, во Стара Загора на 9 ноември, во Русе на 23 ноември и во Велико Трново на 10 декември.

Изложбата претходно беше отворена во зградата на Народното собрание на 14 јули по повод 35 години од усвојувањето на Уставот од 1991 година.



Слични Објави