ЈАНКУЛОСКА ВО ДОМАШЕН ПРИТВОР
Специјалната јавна обвинителка, Фатиме Фетаи, побара мерка на претпазливост за екс министерката Гордана Јанкуловска, откако судот и пресуди затворска казна од шест години за злоупотреба на службената положба во предметот „Тенк“, за набавка на мерцедесот. Со ова на Јанкуловска би и се забранило да го напушти својот дом. Од страна на судот прифатена е побараната мерка до правосилноста на пресудата.

