| |

Дара ќе настапи на фестивалот „Си денс“ во Црна Гора, бугарската поп-ѕвезда работи врз својот прв албум на англијски јазик

Бугарската поп-ѕвезда Дара ќе настапи како еден од главните изведувачи на фестивалот „Си денс“, кој од 28 до 30 август ќе се одржи во Бечиќи, Црна Гора, објави весникот „Вијести“, пренесува БТА.

Победничката на годинашниот избор за песна на Евровизија ќе настапи на 29 август, заедно со англискиот пејач и продуцент Џон Њуман. Таа ќе го изведе победничкиот хит „Bangaranga“, како и други свои песни.

„Доаѓам од Бугарија, па затоа сум вистинска балканска девојка и веќе сум поврзана со овој регион“, изјави Дара, која првпат ќе ја посети Црна Гора.

Пејачката оцени дека победата на Евровизија ѝ отворила многу врати и ѝ овозможила нејзината музика да допре до поширока меѓународна публика. Таа откри и дека привршува со работата на својот прв албум на англиски јазик.

„Си денс“ е меѓународен музички фестивал поврзан со брендот „Егзит“, а годинашното издание е дел од програмата „EXIT to Montenegro“.



Слични Објави