| |

Бугарскиот генерален конзулат во Чикаго ќе го спроведува проектот „Историја и достигнувања на бугарската емиграција во Северна Америка“

Во текот на летните месеци Генералниот конзулат на Бугарија во Чикаго ќе го реализира едукативниот проект „Историја и достигнувања на бугарската емиграција во Северна Америка“. Ова го соопшти бугарското дипломатско претставништво на својата Фејсбук страница, пренесува БТА.

Целта на проектот е да се формира знаење кај современата бугарска дијаспора за значителниот придонес на Бугарите во севкупниот развој на американското општество.

Се надеваме дека ќе се препознаете во некои од сториите и ќе добиете инспирација за тоа колку е важно вие и вашите деца да ги браните вашиот идентитет и бугарските корени, стои во соопштението на Генералниот конзулат во Чикаго.

Подготвени сме и да споделиме стории поднесени од нашите читатели, кои можете да ги испратите на е-поштата на конзулатот ([email protected])“, додаваат од бугарскиот Генерален конзулат.

На проектот ќе работат практиканти во бугарското дипломатско претставништво, а првиот материјал го подготвила Џералдин Тодорова. Истиот е објавен на Фејсбук страницата на бугарската дипломатска мисија.

Слични Објави