Радев и Дуда разговарале за билатералните односи меѓу Бугарија и Полска
Бугарскиот претседател Румен Радев разговарал телефонски со својот колега претседателот на Република Полска, Андржеј Дуда во пресрет на предстојниот самит на Иницијативата „Три мориња“ во Варшава, јавува БГНЕС.
На крајот на месецот, бугарскиот претседател, заедно со економска делегација, ќе учествува на настанот и придружниот бизнис форум. Оваа година, регионалниот формат „Три мориња“, кој има за цел да го поттикне развојот на соработката и поврзаноста ја одбележува својата 10-та годишнина.
Во текот на разговорот, претседателот Радев ги истакнал можностите за продлабочување на економските и инвестициските врски меѓу Бугарија и Полска, особено во клучни области како транспортот и енергетиката. Тој, исто така, ја нагласил важноста и потенцијалот на билатералната индустриска соработка, вклучувајќи ја и областа на одбраната.
