Иди додому, Iване!
Пишува: Ѓорги Трендафилов
Како и повеќето од нас и јас со особено внимание читам,гледам и слушам се што е врзано за воената агресија врз Украина. Со секое „вклучување„ очекувам „некакво чудо„ кое ќе донесе рамнотежа на „теренот„чудо кое за жал,знам дека нема да се случи. И покрај поддршката,каква таква, Украинските бранители се сами на бојното поле. А бојното поле е во нивниот дом.
Очекував, и верувам оправдано, повеќе емпатија, подготвеност да им помогнеме на Украина и пред се на цивилното население, независно од нашите скромни ресурси и можности. За жал, прво останаа заглавени скијачите на Молика, практично на неколку километри од Битола, поради неисчистен снег (има нешто меѓу нас и снегот) а ако Пелистер за државава е сериозен проблем, каде е Киев!?
Потоа разбрав дека јавноста ни била проруски ориентирана, па оние несреќници во Собранието ќе гласале Декларација. И глеј чудо – Немале време за превод!?
Ако помисливме дека јазиците во Собранието немаат врска со Бугарија и со тоа нејзе барем за кратко ја нема од „анализите„ се излажав!
Научив дека најважно од рускиот напад на Украина е тоа што сега САД и ЕУ ќе ја притиснат Софија да го крене ветото. Дека се реализирале илјада капитални проекти од локален карактер и дека македонскиот народ е промакедонски ориентиран. Маржата некако е лимитирана и купуваме тоалет хартија како луди. А да, синот на Заев ќе ни продава струја.
Па сепак – Сла́ва Украї́ні!
