НЕ ЧЕКАЈТЕ ДА ИМАТЕ СÈ ВО ЖИВОТОТ ЗА ДА БИДЕТЕ СРЕЌНИ!

Истакнато Љубовни приказни Магазин

Многу од нас жените размислуваат дека со самото мажење животот ќе им тргне на подобро, ќе родат едно дете, па второ… Тогаш почнуваат фрустрациите зошто децата не се поголеми а ќе бидеме задоволни кога ќе пораснат? Потоа доаѓаат тинејџерските денови, па се занимаваме со пубертетот… A сигурно ли ќе сте посреќни кога ќе излезат од пубертетот?! Си велиме дека ќе почне подобриот и посреќен живот кога нашиот партнер ќе се прибере, ќе му дојде умот, ќе купиме нов автомобил, ќе патуваме или пак кога ќе се пензионираме… Но вистината е дека нема подобар момент за среќа од сегашниот момент.

Животот секогаш ќе биде исполнет со тешкотии, но најдобро за сите нас е да се помириме со тој факт дека и покрај сите потешкотии мораме да најдеме начин или „издувен вентил“кој ќе не прави да бидеме среќни. Но како? Сегашноста и моментите се вистинскиот пат. Значи сочувајте и негувајте ги моментите кои ги делите со некој посебен, доволно посебен за да му го посветите своето време… И запомнете времето никого не чека.

Престанете да чекате да купите автомобил, да купите куќа, децата да пораснат, да завршат студии, да изгубите 10 килограми, да се вработите, да се пензионирате, да помине зимата, летото, пролетта, есента, да се пензионирате… Нема подобар момент за среќа од овој момент! Среќата е патот, но не и целта!

Бидете среќни со секојдневието, усреќете некој со мал гест на внимание, работете кога не ви требаат пари, сакајте како никогаш и да не сте биле повредени, едноставно танцувајте како никој да не ве гледа. Среќата е патот кој самите го бираме и одиме по него…

НЕ ЧЕКАЈТЕ ДА ИМАТЕ СÈ ВО ЖИВОТОТ ЗА ДА БИДЕТЕ СРЕЌНИ, СРЕЌАТА Е ТУКА И СЕГА ВО ОВОЈ МОМЕНТ! Дозволете малите нешта, насмевките, прегратките, да ви донесат светлина на душата, зошто не знаеме што не чека утре, а тоа што поминало не може да се врати ни поправи!

Автор: Фросина Китановска