ПОЧИНА КОФИ АНАН

Вести Истакнато Свет

На возраст од 80 години по кратко боледување почина поранешниот генерален секретар на ОН, Кофи Анан.  Познатиот дипломат од Гана ја водеше организацијата од 1997 до 2006 година. Во 2001 година тој ја доби Нобелова награда за мир.

За смртта на политичарот беше објавено на Твитер од страна на неговото семејство и непрофитната организација Фондација Кофи Анан. „Со огромна тага, семејството и фондацијата Кофи Анан изјавија дека Кофи Анан, поранешниот генерален секретар на ОН и добитник на Нобеловата награда, почина во саботата на 18 август, по кратка болест. Неговата сопруга Неин и децата Ама, Кохо и Нина беа до него во последните денови од својот живот “- се вели во краткото соопштение.