Здружението „ДЕЛО“ од Скопје поднесе предлог-декларација до Собранието за осуда на говорот на омраза кон Бугарија и бугарскиот народ

//

Здружението на граѓани “ДЕЛО“- Скопје, на 28.02.2022 година достави до Собранието на Република Северна Македонија предлог – Декларација за осуда на говорот на омраза, потикнување раздор и нетрпеливост кон Република Бугарија и бугарскиот народ.

Од здружението велат дека нивна цел не е замолчување на новинари или влијание на јавното мислење, туку „исчезнувањето на говорот на омраза од етерот, од социјалните мрежи и да се воспостави хармонија во живеењето со нашите соседи и партнери, особено во овие моменти кога пред Северна Македонија се наоѓа уште еден предизвик, а тоа е добивање на зелено светло за започнувањето на преговори за членство во Европската унија“.

„Ние како Здружение, сакаме да дадеме свој придонес во тој процес“, стои во соопштението до медиумите на здружението „Дело“.

Во прилог ви ја доставуваме предлог декларацијата:

Поаѓајќи од стратешката определба на Република Северна Македонија за полноправно членство во Европската Унија, потврдена од моментот на нејзиното осамостојување во 1991 година, фактот дека статутите на сите политички партии застапени во Собранието се залагаат за полноправно членство на државата во Европската Унија, а посебно имајќи во предвид дека Република Бугарија на 15.01.1992 година прва во светот ја призна денешна Република Северна Македонија, фактот дека денес со Република Бугарија сме сојузници во НАТО и важен стратешки партнер кој и помага на Република Северна Македонија од нејзиното осамостојување, а имајќи ги предвид меѓународните договори и правни акти кои ги има ратификувано Собранието на Република Северна Македонија како што се: Универзалната декларација за човекови права, Меѓународниот пакт за граѓански и политички права и Меѓународната конвенција за елиминирање на сите форми на расна дискриминација, усвоени од Генералното собрание на Обединетите нации, Европската конвенција за заштита на човековите права заедно со протоколите кон конвенцијата и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, Здружението на граѓани за промоција, издавање, иницијативи и меѓународна соработка „ДЕЛО“–Скопје, поведува иницијатива до Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија врз основа на член 68 став (2) од Уставот на Република Северна Македонија и член 184 став (1) од Деловникот на Собранието на Република Македонија да ја предложи за донесување следната:



ДЕКЛАРАЦИЈА

ЗА ОСУДА НА ГОВОРОТ НА ОМРАЗА, ПОТТИКНУВАЊЕ РАЗДОР И НЕТРПЕЛИВОСТ КОН РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА И БУГАРСКИОТ НАРОД

  1. Пратениците и пратеничките групи во Собранието на Република Северна Македонија најостро го осудуваат говорот на омраза, поттикнување на раздор и нетрпеливост насочен кон Република Бугарија и бугарскиот народ, вклучително и македонските бугари кои се граѓани на Република Северна Македонија.
  2. Пратениците во Собранието на Република Северна Македонија ќе се воздржат од говор на омраза, поттикнување на раздор и нетрпеливост кон Република Бугарија и бугарскиот народ, вклучително и кон македонските бугари кои се граѓани на Република Северна Македонија и од изјави особено во медиумите и други средства за јавно информирање кои содржат дискриминаторска содржина по основ на нивното национално потекло.
  3. Согласно Уставот на Република Северна Македонија пратениците ги претставуваат граѓаните, вклучително и македонските бугари кои се граѓани на Република Северна Македонија, истите ќе креираат политики на еднаквост на граѓанските, политичките, економските, социјалните и културните слободи и права на македонските бугари, загарантирани со Уставот на Република Северна Македонија.
  4. Пратениците во Собранието на Република Северна Македонија, во јавноста ќе промовираат и поттикнуваат политики за превенција и амортизација на говорот на омраза, раздор и нетрпеливост кон Република Бугарија, бугарскиот народ и македонските бугари кои се граѓани на Република Северна Македонија.
  5. Пратениците во Собранието на Република Македонија апелираат до органите на извршната власт, судовите, сите другите државни органи, правните и физичките лица на кои со закон им е доверено да вршат јавни овластувања, како и органите на општината, на градот Скопје и општините во градот Скопје, да вршат превенција од директна и индиректна дискриминација, вознемирување, виктимизација и сегрегација насочена кон македонските бугари.
  1. Пратениците во Собранието на Република Северна Македонија, ја потврдуваат определбата за унапредување на односите со Република Бугарија, преку конструктивен дијалог, како суштински придонес за сузбивање на говорот на омраза.
  2. Пратениците се залагаат за целосна имплементација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, потпишан во Скопје на 1 август 2017 година, со цел за унапредување на процесите за полноправно членство на Република Северна Македонија во Европската Унија.


Претходна статија

Иди додому, Iване!

Следна статија

(Галерија) Со изложба на мартинки бугарската Амбасада во Скопје го одбележа 1 март

Најново од Вести

Ковачев: На местото на спомениците на окупаторската Црвена армија во Софија и во Пловдив да се постават споменици на Левски, Ботев, Гоце Делчев, Тодор Александров и Ванчо Михајлов

Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ-СДС Андреј Ковачев, даде интересна идеја за тоа што треба да