(Галерија) Со изложба на мартинки бугарската Амбасада во Скопје го одбележа 1 март
Изложба на мартинки изработени од дечињата што го посетуваат саботно-неделното училиште „Здравеј“ и ученици од други училишта во Скопје, синоќа беше претставена во Амбасадата на Република Бугарија по повод 1 март, ден на кој во Бугарија традиционално се подаруваат мартинки за здравје и бериќет.
На прекрасниот настан организиран од тимот на Амбасадата и Бугарскиот културно-информативен центар беа присутни дечињата, креатори на самите мартинки и голем број Бугари од РС Македонија, пријатели на Бугарија и делегација на Министерството за култура на Бугарија.
Во својот поздравен говор амбасадорот на Бугарија во РС Македонија Ангел Ангелов им посака на присутните многу здравје и подвлече дека изложбата со мартинките направени од децата ќе им даде на сите сила и здравје за во иднина.
Директорката на Културно-информативниот центар Антонија Велева ги поздрави присутните со пригоден говор, во којшто не пропушти да ги поздрави и дамите со почетокот на месецот март, кој важи за женски месец.
Децата од училиштето „Здравеј“ претставија кратка уметничка програма со рецитирање и пеење на песни поврзани со 1 март и мартинките.
Сите присутни добија поклон по една мартинка од страна на домаќините од бугарската Амбасада
Погледнете ја галеријата од овој прекрасен настан:












