| | |

(Видео) Открија мермерна плоча со прикажано цело семејство во Хераклеја Синтика

Археолозите од Хераклеја Синтика покажаа како изгледале хераклејците во II век. На мермерна плоча со портрети од втората половина на векот е прикажано цело семејство, јавува БГНЕС.
Денешниот наод од спасувачките ископувања под раководство на проф. д-р Људмил Вагалински (НАИМ-БАН) во Западниот некропол на Хераклеја Синтика содржи и натпис на старогрчки, дешифриран од доц. д-р Николај Шаранков (Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Софија): „…..го направи за сопствениот сопруг, за децата и за себе приживе“, соопштуваат од Archaeologia Bulgarica.

Недостасува последното парче со името на жената, од кое останала само последната буква – плочата е откриена во делови, повторно употребена за подоцнежно погребување. Овој тип споменици е распространет во регионот на Средна Струма и укажува на зачувувањето на локалната тракиска традиција. Грчката традиција не вклучува портретни претстави – ако има фигури, тогаш тие се во сцена од типот „погребен ручек“, коментира проф. Вагалински.

Слични Објави