СТРАНЕЦ ПАДНАЛ ПО СКАЛИ ВО КАФЕАНА

Чешкиот државјанин С.Ј. ноќеска завршил на Ургентното одделение во скопскиот клинички центар откако се повреди во кафеана. Според пријавата, во 2.07 часот во СВР Скопје е пријавено дека во комплексот клиники „Мајка Тереза“ со тешки телесни повреди бил донесен Ј.С.. Според пријавеното, тој неколку часа претходно во угостителски објект во Скопје паднал по скали. Од полицијата велат дека бил извршен увид на местото на настанот од екипа од СВР Скопје.