КРЕМАСТИ КОЦКИ ОРЕО

Пандишпан:
300 гр. мелени Орео колачиња
100 гр. путер

Фил:
750 мл. млеко
120 гр. пудинг од ванила
120 гр. шеќер
250 гр. путер
200 гр. шеќер во прав
100 гр. мелени Орео колачиња

Декорација:

  • шлаг
  • мелени Орео колачиња

Подготовка:
Во длабок сад сипете ги мелените Орео колачиња и додадете го стопениот путер. Користејќи лажица, соединете ја смесата и ставете ја во сад за печење 25×20 см. Порамнете ја површината и оставете ја 10 минути во замрзнувачот.

Во 150 мл. млеко, разматете го пудингот убаво без да ви останат грутки.

Ставете го преостанатото млеко да зоврие и додадете го шеќерот.

Кога млекото ќе зоврие, сипете го полека разматениот пудинг и мешајте додека смесата се соедини. Подготвениот пудинг тргнете го од шпоретот и оставете да се излади.

Во сад ставете го омекнатиот путер на собна температура и шеќер во прав и матете со миксер додека смесата не се соедини.

Изладениот пудинг изматете го со миксер и додадете го путерот и шеќерот и мешајте ги смесите за да добиете кремаст фил.

На крај, додадете ги мелените Орео колачиња и матете додека не се соедни смесата.

Истурете го филот на пандишпанот и израмнете ја површината со шпатула. Оставете го колачот добро да се излади.

Исечете на коцки, декорирајте со шлаг и нека ви е на здравје!