ОДЛОЖЕНИ СИТЕ ПРЕТСТАВИ ВО КУМАНОВСКИОТ ТЕАТАР ДО 6 МАРТ

//

Кумановскиот театар ги одложи закажаните претстави до 6 март, годинава, согласно препораките на Владата за неодржување јавни настани, соопштија денеска надлежните од Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово. Вчера беше откажана една претстава во Кумановскиот театар.

-Одложен е театарскиот маратон што беше предвиден да се одржи наредната недела од 5 до 7 март, на кој беа предвидени да се одржат по две претстави тие денови за симболична цена како и премиерата на детската претстава „Трнорушка“ која беше закажана за 4 март, изјави директорот на установата, Сашо Тодоровски.



Од НУЦК „Трајко Прокопиев“ информираа дека дополнително ќе известат за одржување на термините за претставите.

Претходна статија

ВОЗ УДРИЛ ВО АВТОБУС ВО ПАКИСТАН, НАЈМАЛКУ 19 ЗАГИНАТИ

Следна статија

ЈУЖНА КОРЕЈА: РЕКОРДЕН БРОЈ ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУС ВО ЕДЕН ДЕН

Најново од Вести