| |

НЕМА ДА ИМА ПРЕКИН ВО РЕЕМИТУВАЊЕТО НА ДОМАШНИТЕ И СТРАНСКИ ТВ КАНАЛИ

Има согласност да се одложи најавениот прекин на реемитување на домашните и странските телевизиски канали. Ова било констатирано на состанокот на претседателот на технничката Влада, Оливер Спасовски и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, со претставници на сите оператори обединети во Здружението на информатичко-комуникациски технологии.

На средбата е разговарано за сите аспекти на и што произлегуваат од измените на Законот за аудио и аудивизулени и медиумски услуги. Констатирано е дека постојат можности да се дојде до заедничко решение во скоро време. Констатирана е свесност од сите страни за решавање на прашањето, согласно интересот на државата и на граѓаните. Со оглед на можностите што се гледаат за скорешно изнаоѓање решение, има согласност да се одложи најавениот прекин на реемитување на домашните и странските телевизиски канали. – соопшти Владата.

Слични Објави