Во Лос Анџелес денеска ќе биде откриено обележје во чест на бугарската азбука
На централна локација во Лос Анџелес денеска ќе биде откриено обележје во чест на бугарската азбука. Истото е изработено со донации и доброволна работа на Бугарите што живеат и работат во градот, јави Бугарската национална телевизија (БНТ).
Идејата се родила во 2021 година, за време на пандемијата, изјави за БНТ генералниот конзул на Бугарија во Лос Анџелес, Бојко Христов. Според него, преку азбуката Бугарите им ги пренесуваат својата култура и традиции на идните поколенија. Средствата за изработка на обележјето ги собирала бугарско-американската фондација „BGface“.
Автор на споменикот е уметникот Бронислав Ликоманов, кој со години живее во Лос Анџелес и работи за „Дизни“.
Градскиот совет на Лос Анџелес го прогласи март за Месец на бугарското културно наследство, а во резолуцијата го истакна и значењето на бугарската азбука.
