| |

СДСМ: Мицкоски останува на браникот на криминалот, корупцијата и расипништвото на неговиот Груевски

Христијан Мицкоски одново пропушти прилика да се дистанцира од политиките на поделби и деструкција на неговиот претходник Никола Груевски што беа силно поразени од мнозинството граѓани, се вели во соопштението на политичката  партија СДСМ.

Со тоа Мицкоски покажува дека останува на браникот на криминалот, расипништвото и корупцијата што неговата партија и неговиот Груевски ги правеше цели 11 години.

Мицкоски досега е запаметен единствено по продолжување на деструктивните политики и ширењето на лажните вести.

Македонија тргна напред како едно општество за сите, модерна држава пријател на регионот и Европа и никакво деструктивно дејствување на ВМРО-ДПМНЕ нема да го запре процесот на реформи, интеграција и развој, се вели во соопштението на политичката  партија СДСМ.



Слични Објави