ГРУЕВСКИ СЕ ПРАВДА ДЕКА НЕМА ЧЕТИРИ СТАНА

//

Поранешниот премиер Никола Груевски, кој доби политичлки азил во Унгарија, негира дека се негови становите во кои вчера влегоа истражители од Обвинителството за организиран криминал, туку дека тие ги земал под кирија.

Груевски тврди дека со години наназад живеел во два стана сопственост на неговата мајка, купени на кредит пред дваесетина години.

„Во одреден период имав извршено и закуп на два други стана на истиот кат каде живеев, а од кои имав потреба, и кои се со помала квадратура, за што поседувам договор за закуп од сопственик со кој немам никаква поврзаност“, напиша на Фисјбук Груевски.

Тој исто така негира дека еден од посочените станови е сопственост на поранешната секретарка, додека обвинителката Вилма Русковска го тврди спротивното дека веќе обезбедила изјава од секретарката, која изјавила дека станот само формално се води на нејзино име.



Претрес во двата дополнителни стана на Груевски е во рамки на истрагата за плацевите на Водно, кои според Обвинителството, се купени со пари на партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: zoom.mk

Претходна статија

ДЕНЕСКА ПРОДОЛЖУВА СУДЕЊЕТО НА ТРЕТО ОБВИНЕТИОТ ЗА УБИСТВОТО НА НИКОЛА САЗДОВСКИ

Следна статија

СЛУЧАЈ „МЕЃУНАРОДЕН СОЈУЗ“, СВЕДОКОТ: МИЛА ЦАРОВСКА МЕ ПРАТИ КАЈ БОКИ 13

Најново од Вести