РУСКАТА АМБАСАДА ВО БРИСЕЛ: ФОН ДЕР ЛАЈН СЕ ОБИДУВА ДА ЈА ПОЛИТИЗИРА ВАКЦИНАЦИЈАТА

Изјавата на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајн за руската вакцина Спутник V претставува „обид за политизација“ на прашањето за вакцинација, реагира руската амбасада во Брисел. Според соопштението од руската амбасада во Брисел, како што пишува српски Блиц, оваа изјава е невтемелна и „неадекватно ниво на свест на официјалните лица“.

loading...

Ова следи по изјавата на фон дер Лајн, која пред неколку дена рече дека се прашува зошто Русија ја нуди вакцината Сутник V на другите, кога не ги вакцинирала ни своите луѓе, што беше објавено во бриселски Политико.

Руската амбасада во ЕУ во соопштението пишува дека се збунети што слушаат такви изјави, бидејќи Русија повеќе пати јавно истакнала дека вакцинацијата на сопствените граѓани е приоритет во борбата против корона вирусот.

„Во склад со принципите на демократијата и човековите права вакцинацијата во Русија е доброволна, а до денес на сите заинтересирани граѓани вакцината им се дава без одложување и бесплатно. Испораката на вакцината Спутник V во другите држави никако не е поврзана со сотапноста на вакцината за руските граѓани. “, стои во соопштението од амбасадата.

loading...