Власите и македонските Бугари рамо до рамо во борбата за слобода
Пишува: Владимир Перев
Малку познат документ за дејноста на македонските Власи во Бугарија, членови на Федеративното друштво на македонските власи. За нив многу малку се знае, затоа што поголемиот дел од нив наполно се вклучиле во бугарскиот политички живот. Тие се доказ дека не се сите македонски Власи на позициите на елинизмот и србоманството, ами ги имало и такви кои наполно се вклучиле со македонските Бугари, во македонското ослободително дело.
Дел од нив, како што може да се види од написот, ги оставиле и своите животи во борбата за слобода. Интересно е дека на списокот има и двајца од семејството Таху, Коста и Костадин, кои во своето делување биле блиски до Тодор Александров, а едниот од нив, полуслепиот Таху, до својата смрт е курир на ВМРО. Така и умира, слеп на железничка станица, чекајчи воз за да замине некаде и ја предаде поштата. Еден потомок од ова семејство е и Росен Тахов познат бугарски новинар.
Тоа е само потврда дека цветот на влашката интелигенција, секогаш бил рамо до рамо со македонските бугари во нивната борба, како против турскиот режим, така и против српската и грчаката пропаганда во Македонија.
На мапата „Софија е Македонија, Македонија е Софија“ се додадени 31 адрес на македонски армани (Власи, Цинцари) кои што живеат во Софија.
- Димитар Ќуркчиев – Цинцарот (Крушево; трговец),
- Михал Палигора (Маловиште, Битолско; трговец),
- Михал К. Мучитану/Мучитанов (Крушево; касапин, брат на војводата на ВМОРО Георги Мучитану),
- Василе Христу (Горна Джумаја; историчар),
- Никола Ќуркчиев (Крушево; трговец),
- Никола Нану (Маловиште, Битолско; трговец),
- Христо Бушев (Крушево; трговец),
- Михаил Д. Јонеску (Гопеш, Битолско; трговец),
- Наум Трифонов (Маловиште, Битолско; трговец),
- Спиро Наумов Јанков Керацов (Гопеш, Битолско; крчмар),
- Георги Т. Хентов (Гопеш, Битолско; трговец),
- Георги Д. Палигора (Маловиште, Битолско; трговец),
- Христо Димитров (Гопеш, Битолско; крчмар),
- Домника Зографова (Магарево, Битолско; домакинка),
- Костадин Тахов (Крушево; крчмар),
- Коста Д. Таху (Крушево; трговец),
- Јанаки Дим. Мустраков (Гопеш; бакалин),
- Јанаки Михајлов (Крушево; трговец),
- Јанаки Николов (Гопеш, Битолско; крчмар),
- Нуша Туфа (Крушево; домакинка),
- Трифон Г. Трифонов (Маловиште, Битолско; трговец),
- Ставре Петров (Битола; бакалин),
- Атанас Костов (Гопеш, Битолско; крчмар),
- Васил Фотов (Крушево; трговец),
- Христо П. Гегов (Гопеш, Битолско; бакалин),
- Кјака Николова (Крушево; домакинка),
- Георги Кузманов Секулов (Битола; работник),
- Михал Георгиев (Крушево; кебапчија),
- Тодор Костов (Крушево; крчмар),
- Сирма Димова (Битола; домакинка),
- Стефан Георгиев (Крушево; крчмар).
Гледајќи ги фамилиите на овие славни македонски Власи, не видов ниту еден нивен потомок да бил поканет на прославите на Илинден, на Мечкин камен по 1945 г.
“Братя ромѫни,
Изминаха се 19 години откато македонският народ в денят на Св. Илия, направи да види целият цивилизован свет, че в нашата земя живее народ, който иска правата си. В тоя ден нашият народ без разлика на вера и народност стана като един човек да защитава своите от векове потиснати права.
За такѫв ден ние аромѫните не можем да бѫдем безучастни и да не си спомним за нашите братя, които умряха за осѫществяването на тая идея.
Не трябва да забравим Пито Гуле, Митре (Влаха) Панжару, Александр Кошка, Георги Мучетани и много други, които се пожертвуваха за нашето отечество.
Дѫлг ни се налага в тоя нещастен ден да оставим нашите работи и като един да вземем живо участие заедно с нашите сѫотечественици (бѫлгари, албанци, турци, евреи и пр.) за отпразнуването на тоя тѫржествен ден.
Само така ще покажем на целия свет, че в планините и полята на Македония живее народ, който макар и стократно потиснат и днес той се вѫодушевява от сѫщите си идеи – Федеративна Македония, независима от всичките балкански дѫржави, за която се проляло реки от братска крѫв…”
Извор: Сканирано од оригинален документ
Автор: Федеративното друштво на македонските емигранти (романска секција) е организација на македонските власи (армани), кои се преселиле во Бугарија; создадена е по Првата светска војна и е дел од Македонската федеративна организација.

