| |

Во тек е финалната подготовка на изложбата „Urban daydreaming“ на бугарскиот уметник Л’чезар Бојаџиев во БКИЦ-Скопје

Во Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје во тек е финалната подготовка за поставувањето на изложбата „Urban daydreaming” на бугарскиот уметник Л’чезар Бојаџиев со куратор Ана Франговска, јавува бугарската културна институција преку својот Facebook профил.

Официјалното отворање на изложбата ќе се одржи утре 22 септември со почеток од 18 часот во галеријата на БКИЦ.

Л’чезар Бојаџиев (роден 1957 во Софија) е еден од највлијателните и најплодни современи уметници во Бугарија. Завршил историја на уметност на Националната ликовна академија во Софија. Од 80-тите години на минатиот век е активен на полето на современата уметност и е познат по мултимедијални проекти, инсталации, фотографии и урбани интервенции. Неговите дела се изложувани во бројни престижни музеи и галерии ширум светот – од Европа, преку САД, па сè до Азија. Бојаџиев е ко-основач на Институтот за современа уметност – Софија, каде активно придонесува за развој на современата уметничка сцена во регионот.



Слични Објави