|

Здравствениот дом Гостивар ќе се реконструира по добивањето на градежните дозволи

Министерот за здравство Азир Алиу информираше дека објектот на Здравствен дом Гостивар ќе се реконструира откако ќе ги добие градежните дозволи, јавува ТВ24. Алиу го потенцира овој проект како ветување кое го даде пред извесно време на средбата со директорот на установата Вулнет Оломани.

Министерот Алиу за време на денешната посета на овој објект, искажа задоволство од работата на здравствената установа. Тој додаде дека проектот за реконструкција вклучува и изградба на дополнителен кат во постојниот објект.Како што рече, финансирањето на овој проект ќе биде 50:50 помеѓу Министерството за здравство и Здравствениот дом.

Слични Објави